Top Sport

Кармело: Бев на дното пред да потпишам со Портланд

НБА ветеранот Кармело Антони во последното гостување на подкастот на Пол Ривера и Маверик Картер, опиша дека чувствувал дека е на „дното“ пред да потпише договор со Портланд трејлблејзерс.

10-кратниот Ол-Стар беше без ангажман откако Хјустон рокитс го отпуштија во ноември 2018 година, пред во ноември 2019 да потпише со Портланд.

„Бев на самото дно. Емоционално морав да е изградам сам и да можам да дојдам во позиција да ја кажувам оваа приказна. Затоа, оваа сезона секогаш ќе ја сметам за добар момент во својата кариера“, вели Ентони.

Тој потпиша со Рокитс во август 2018, но имаше само 10 настапи на почетокот на сезоната 2018/19, пред тие да го трејдуваат во Чикаго во јануари 2019, по што беше ослободен од договорот.

„Од Њујорк, од Ол-стар натпреварите со 22-23 поени на Истокот, дојдов до тоа да бидам на клупата првпат по 15 години“, додава Кармело.

Scroll to Top