Top Sport

Куртоа: Подобри сме од Барса, не би било фер им се даде титулата

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа вели дека не би било фер ако Барселона биде шампион во Ла лига без доигрување на шампионатот, бидејќи верува дека неговиот тим е подобар во моментов.

Барса имаа два поени предност пред Мадрид кога Ла лига беше стопирана во март поради пандемијата на корона вирусот, од кој починаа над 25 илјади луѓе ов Шпанија.

„Заостанувавме два поени зад Барселона во ловот за титулата, така што не би било најсреќно ако сезоната се поништи. Да се одлучи Барселона да ја добие титулата би било крајно нефер. Ние одигравме нерешено во еден меч со нив и ги победивме еднаш и покажавме дека сме подобар тим од нив. Во Премиер лигата со Ливерпул е друга ситуација и тоа би го сфатил, но тука не“, вели Куртоа во интервју за белгиската ТВ

Голманот вели дека би сакал сезоната да се комплетира, но признава дека треба да се почека да има услови за тоа.

„Мислам дека треба да ја комплетираме сезоната иако нашата безбедност е најважна. Треба да внимаваш со кого контактираш, што би се случило ако во противничкиот тим има некој позитивен?“, се прашува Куртоа.

Scroll to Top