Манчестер јунајтед ги повика сите фудбалери кои добија дозвола да ја напуштат Англија да се вратат во следните седум дена зголемувајќи ги шпекулациите дека наскоро ќе се дозволи враќање на тренинзи во Премиер лигата.
Клубот даде дозвола на одредени фудбалери да си заминат во своите татковини откако тренинг-центарот во Керингтон беше затворен во март, и сега иако немаат одредено конечен датум за враќање на тренинзи, очигледно дека одлуката е блиску.
Најновото засилување, Бруно Фернандеш е назад во Португалија со неговата сопруга и ќерка, но се верува дека тој веќе е вратен во Манчестер, а меѓу другите фудбалери чие враќање се очекува се Виктор Линделоф (Шведска), Фред (Бразил) и Серхио Ромеро (Аргентина).
„Проектот рестарт“ на Премиер лигата денеска беше поддржан и од британската влада, иако уште не е јасно кога, како и каде ќе се доиграат натпреварите од новата сезона.