Хамес Родригез побарал од реал да биде ставен на трансфер листата, објавија медиумите во Колумбија.
Најдобриот стрелец на Светското првенство во Бразил од 2014 година е во Реал меѓутоа не успеа да се наметне најпрвин кај Карло Анчелоти, а потоа и кај Зинедин Зидан. Сезонава тој се врати во Реал откако две сезони играше како позајмен играч во Баерн Минхен.
„Ел Универзал“ тврди дека Родригез сака да го напушти Реал, но неговата желба е да остане во Мадрид. Намерата му била да се пресели во Атлетико.
„Хамес б можел да остане во Мадрид и да потпише за Атлетико. Тренерот на Атлетико Диего Симеоне сакаше да го донесе и минатото лето, меѓутоа тогаш преговорите пропаднаа, иако трансферот беше блиску до реализација“.
Според овој извор Атлетико биле подготвени да платат 25 милиони евра за капитенот на колумбиската репрезентација.
Оваа сума е речиси четири пати помала од онаа која Реал ја платија за Родригез во 2014 година (80 милини евра) кога тој пристигна од Монако.
Оваа сезона Родригез за реал одиграл 650 минути.