Прославениот англиски фудбалски судија Хауард Вен во разговор за „Атлетик“, признал дека направил голема грешка на натпреварот помеѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед одигран во 2009 година. Тој се молел Кристијано Роналдо да го промаши пеналот што не требалод а го суди.
На 25 април 2009 година, на „Олд Трафорд“ играа Манчестер Јунајтед и Тотетнхем. Гостите од Лондон со головите на Дарен Бент и Лука Модриќ имаа предност од 2:0, но до крајот на мечот „црвените ѓаволи“ постигнале пет гола.
Клучен момент на натпреварот бил непостоечкиот пенал кој Веб го досудил за Јунајтед во 57 минута.
„Видов дека Керик прв ја допре топката, а потоа падна. Делуваше дека е пенал кој лесно се свири. Очекував дека играчите ќе приговараат, но погледот што ми го упати Гомес, тоа не го очекував. По само неколку секунди ми стана јасно дека згрешив, но не ја сменив одлуката. Потоа се молев Роналдо да го промаши пеналот“, раскажал Веб.
Португалецот не промаши, постигна гол за 1:2, а потоа играчите на Јунајтед постигнаа уште четири гола преку Руни, Роналдо, повторно Руни и Бербатов.