Милан се подготвени да го купат крилото на Лион, Мемфис Депај за намалена цена од само 20 милиони евра, тврди италијанскиот „Тутомеркато“.
Според нивните извори, понудата е 20 милиони евра плус процент од потенцијалните следни трансфери. 26-годишниот Холанѓанец во моментов е повреден со скинати лигаменти во коленото, но би требало да биде подготвен за фудбал следната сезона. Неговиот договор со Лион завршува во јуни 2021 и тешко е да се очекува дека ќе го обнови, посебно бидејќи Лион не се квалификуваше за европските купови по скратената сезона во Франција.
За Милан ова би било „ефтино“ решение, посебно бидејќи Депај пред неколку месеци вредеше 50 милиони евра.
Депај е продукт на академијата на ПСВ Ајндховен, по што во 2015 година замина во Манчестер јунајтед, кои две години подоцна го продадоа на Лион. Тој беше во одлична форма пред повредата, со 14 гола во 18 меча, вклучувајќи пет гола во пет настапи во Лигата на шампионите.