Top Sport

Талент на Аталанта се бори за својот живот

Младиот фудбалер на Аталанта, Андреа Риналди се бори за својот живот откако во петокот му се слошило и добил мозочен удар.

19-годишниот Риналди, кој е позајмен фудбалер на четвртолигашот Лењано, бил итно однесен во болницата во Варезе, каде што лекарите се обидуваат да му го спасат животот.

Риналди е еден од многуте млади фудбалери кои произлегле од младинската школа на Аталанта, а минатото лето беше позајмен на Имолезе во Серија Ц, пред позајмицата во Лењано, за кои имаше 23 настапи и еден постигнат гол.

Scroll to Top