Top Sport

Хабиб импресиониран од Гетџи, нема да бега од меч

Откако Џастин Гетџи го имаше мечот на својата кариера за да го декласира Тони Фергусон и да ја освои преодната титула во лесна категорија на УФЦ 249 на Флорида, шампионот Хабиб Нурмагомедов, неговиот најверојатен следен противник, беше импресиониран.

Во неочекувано едностран меч, Гетџи стави крај на низата од 12 победи на Фергусон и исто така се промовираше во прв кандидат за појасот на Хабиб, и тој очигледно ја следеше акцијата, откако меѓу првите коментираше на социјалните мрежи.

Прво тој се јави со порака: „Без коментар“, по што наскоро го пофали Гетџи како „импресивен“, пред на руски јазик да објави дека нема да се повлече од потенцијална пресметка.

„Во овој спорт, и посебно во оваа тежинска категорија секогаш ќе има гладни лавови кои ќе ти дишат на врат, и ако се опуштиш, тогаш си готов. Некои доаѓаат, некои заминуваат, тоа не е ништо изненадувачки. Но, нема да паднам пред ударот. Уште ќе се борам“, напиша Нурмагомедов.

УФЦ: Гетџи го „здроби“ Фергусон, па побара пресметка со Хабиб (видео)

Scroll to Top