Италијанските медиуми го очекуваат Златан Ибрахимовиќ назад во Милано утре, за да стартува со двонеделниот карантин по кој би можел да се врати на тренинзи.
Ветеранот се врати во Шведска во поголемиот дел од периодот на пандемијата, каде што повеќе пати тренираше со клубот каде што е делумен сопственик, Хамарби, а одигра и еден пријателски меч, така што се очекува да биде во подобра физичка форма од неговите соиграчи.
Според „Ла газета дело спорт“, Ибрахимовиќ утре наутро со приватен авион ќе пристигне во Милано и веднаш ќе биде однесен во неговиот дом за старт на 14-дневниот карантин.
Околу иднината на Ибрахимовиќ имаше многу шпекулации, од тоа дека ќе го продолжи договорот со Милан за уште една сезона, до неверојатно враќање во Хамарби, а секогаш постои и опцијата да ја прекине кариерата.