Турскиот гигант Бешикташ најде уникатен начин да се подобри безбедноста на играчите кои се подготвуваат за рестартот на Турската Суперлига – огромна кабина за дезинфекција на влезот на нивниот тренинг-центар.
Огромната кабина има 20 страни и сите фудбалери и членови на клубот треба да поминат со маска на лицето за да се спречи ширењето на КОВИД-19. Кабината е продукт на турската софтверска компанија „Етисан“ и ќе остане на тренинг-центарот „БЈК Невзат Демир“ во блиска иднина.
Турската фудбалска федерација објави во средата дека фудбалот во сите нивни лиги (од прва до четврта и аматерските лиги) ќе продолжи на 12 јуни, откако фудбалот е во прекин од 19 март, како една од последните европски лиги кои стопираа.
BJK Nevzat Demir Tesisleri’ni Covid-19 salgınına karşı yeniden dezenfekte ettik.
Dezenfekte işlemi her hafta tekrar edilecek.
?? https://t.co/sMyRRUBzX3 pic.twitter.com/GlPG1DznTj
— Beşiktaş JK (@Besiktas) May 10, 2020