Читателите на популарниот спортски веб-сајт „Евроспорт“ го изгласаа Манчестер јунајтед под Сер Алекс Фергусон за најдобар тим во 21. век, резултат кој сигурно ќе предизвика многу дискусии.
До неделното гласање, Манчестер јунајтед доби 59 отсто од гласовите на читателите во финалето против Барселона на Пеп Гвардиола. Дали изборот е вистински?
„Евроспорт“ меѓу своите аргументи ја има долговечноста на тимот на Јунајтед која им даде предност на „ѓаволите“, пред Барса на Гвардиола, која траеше само четири години. Пензионирањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година покажа колку Шкотланѓанецот беше важен за овој клуб, бидејќи титулите оттогаш станаа реткост (еден ФА куп и една титула од Лига Европа).
„Третата година е фаталн“, вели славната изјава на тренерот на Бенфика, Бела Гутман, кој ги предводеше до европската титула во 1961 и 1962 година.
Теоријата вели дека по три години на сцена стапува инерцијата и било кој клуб паѓа во форма. Тука тимот на Јунајтед има предност пред Барселона – Фергусон успеа да ја избегне оваа формула и да ги собори сите рекорди.