Мишал Абулаис, 12-годишното момче од индиската провинција Керала, стана неочекуван хит на Интернет со неговите фудбалски вештини.
Последното видео на малиот фан на Лионел Меси, во кое тој го носи аргентинскиот дрес на легендата и успева да постигне гол од слободен удар со „вртена“ топка во аголот, стана вирално на Интернет и тој веќе собра над 20.000 следбеници на Инстаграм.