Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Колумбиецот Едвин Конго Мурилјо е уапсен во Шпанија поради сомневање дека е вклучен во трговија на дрога, јавува шпанскиот „ЕФЕ“.
Конго, кој е поранешен напаѓач на Реал Мадрид, Валјадолид, Леванте, Хихон и Рекреативо де Хуелва бил уапсен во акцијата на шпанската полиција, а по земената изјава е пуштен на слобода, иако останува предмет на истрага.
43-годишниот Конго пристигна во Шпанија во 1999 година за пет милиони евра, тогашен рекорд за фудбалер од Колумбија, но не се покажа во првиот тим на „кралевите“ и немаше ниту еден официјален настап, поминувајќи ги следните две години на позајмица во Валјадолид и Виторија Гимараеш, пред да биде продаден на Тулуз во 2001 година.