Вест Бромвич Албион и Лидс јунајтед може да останат без место во Премиер лигата, доколку се откаже сезоната во англискиот Чемпионшип, бидејќи клубовите од Премиер лигата сметаат дека не би било фер да добијат место во елитата со незавршена сезона, тврди „Телеграф“.
Лидс и ВБА се на седум, односно шест, поени пред Фулам на третото место и изгледаа на добар пат до место во Премиер лигата пред паузирањето на сезоната, но доколку Премиер лигата се комплетира, а Чемпионшип не ја заврши сезоната, нема да има влегување, ниту испаѓање од елитата.
Во ист период од минатата сезона, Норич беа лидери, додека Лидс беа втори пред Шефилд јунајтед. Астон вила кои влегоа во Премиер лигата беа само осми, а тимот кој го победи во финалето на баражот, Дерби каунти беа седми.