Фудбалерот на Ливерпул, Дејан Ловрен неодамна „крена прашина“ во британската јавност по неговите контроверзни ставови околу вакцинирањето, корона вирусот и теориите на заговор околу 5Г мрежата.
Слична бура реакции наидоа и на изјавите на неговиот хрватски сонародник, пејачот Тони Цетински, кој изјави дека очекува насилно вакцинирање за КОВИД-19 во блиска иднина, така што не зачудува што двајцата се најдоа во интересен разговор преку Инстаграм.
„Ги почитувам сите, но не ми е јасно како кога ние познатите ќе проговориме на темата околу вакцинирањето, а никој нема да ме натера да правам нешто што не сакам, се крева прашина. Сите имаат право на слобода на говорот и да се избегна сите манипулации“, вели Ловрен.
Тој оди и понатаму со својата теорија.
„Не зборував за вакцинирањето и не е точно дека поддржувам никого и на крајот ќе ми биде мило ако не биде задолжително вакцинирањето бидејќи ќе има немири на улица. Поради пандемијата на корона вирусот, Тони и Дејан моментално не можат да ја вршат својата работа и се прашуваат како ќе има концерти и натпревари во иднината“, додава дефанзивецот.
Ловрен со порака за Бил Гејтс: Готово е, луѓето не се слепи!