Фудбалскиот клуб Амиен поднесе тужба порад неправедното испаѓање од Лига 1. Французите ја прекинаа сезоната поради коронавирусот, ПСЖ ја освои титулата, а Амиен заедно со Тулуз испаднаа од лигата.
Амиен на 10 кола до крајот на сезоната се наоѓаше на претпоследното место на табелата со четири поени помалку од Ним кој се наоѓаше во безбедната зона.
Претседателот на Амиен Бернар Жоанин рекол дека клубот ќе се бори против оваа неправедна одлука.
„Мислиме дека одлуката не спортски коректна. Одлуката е казна која ја добивме од лигата. Неправедна е. Присилени сме да се бориме, мораме да одиме на суд, мораме да се обидеме да ја поништиме оваа неправедна одлука“, рекол Жоани за Би-би-си.
Амиен бара лигата да ја поништи својата одлука, наредната сезона во Лига 1 да играат 22 клуба, односно да нема испаѓање, а од втората лига да влезата Лориен и Ленс.
„Не ја спориме одлуката сезоната да биде прекината. Ги спориме последиците од донесените одлуки“.