Од Премиерлигата не би требало да испадне ниту еден тим доколку сезоната во Чемпионшип дивизијата не заврши, сметаат од фудбалскиот клуб Норич.
Премиерлигата ќе продолжи на 12 јуни додека до крајот на денов треба да биде донесено решение што ќе се случи со Чемпионшип дивизијата.
Иако се знае кога ќе продолжи Премиерлигата како ќе се постапува доколку Втората лига не заврши.
Од Норич сметаат дека ќе бидат оштетени доколу играат, а на крајот од сезоната ќе мора да ја напуштат Премиерлигата.
„Она што нема да го прифатиме е да ги одиграме сите мечеви до крајот на сезоната и да мора да испаднеме, додека некои клубови од Чемпиншип би влегле во Премиерлигата иако не ја завршиле сезоната. Единствен критериум за влез во Премиерлигата е клубовите од Чемпионшип да ги одиграат сите 46 или 49 натпревари“, смета спортскиот директор на Норич Стјуарт Вебер.
Норич се наоѓаат на последното место на табелата, шест поени се оддалечени од безбедната зона.