Пред точно осум години, Манчестер сити ја освои својата прва англиска титула по 44 години на најдраматичен можен начин, во „мртва трка“ со градските ривали Манчестер јунајтед и со два гола во судиското продолжение.
Пред последното коло, двата градски ривали имаа по ист број на поени Во речиси нереални сцени, Манчестер јунајтед стигна до 1:0 победа кај Сандерленд и нивните фудбалери чекаа да заврши мечот помеѓу Квинс парк ренџерс и Сити, со КПР со необично 2:1 водство.
Сити „капитулираа“ во 66. минута, откако КПР дојде до 2:1 водство. Овој резултат беше актуелен до 92. минута од мечот, кога Един Џеко израмни на 2:2, ситуација со која Јунајтед имаа два поени пред нив. Тогаш се случи делириумот, кога Серхио Агуеро ја донесе првата титула за „граѓаните“ во новата ера.