Вирален хит на интернет е разговорот на Кристијано Роналдо со децата во тунелот на „Сантијаго Бербабеу“ пред почетокот на вчерашниот натпревар Реал Мадрид-Депортиво Ла Коруња.
Едно од децата го искористило моментот за да му подели комплимент на својот идол.
„За мене ти си најдобриот во светот, а Меси…“, бидејќи детето не ја завршило реченицата, за тоа се погрижил Кристијано Роналдо: „Е лош!“
Тука се приклучиле останатите деца кои извикале:„Тој е налош“, а Португалецот и неговите соиграчи на таа констатција „умираат од смеење“.