Холандскиот тешкаш, Алистер Оверим го нокаутираше Американецот Волт Херис во втората рунда на УФЦ Фајт најт 176 во Џексонвил, сопирајќи го емотивното враќање во рингот на Херис во првиот меч по смртта на неговата поќерка.
Херис (13-8) беше фаворит во дуелот со ветеранот Оверим (46-18) и изгледаше дека ќе дојде до нокаут кога го прати Оверим на подот во првата рунда, но ветеранот се врати и доминираше до крајот на мечот за победа.
Поќерката на Херис, 19-годишната Анаја Бланшар беше убиена во октомври 2019 година во Алабама, но неговата сопруга инсистираше тој да се врати во октагонот.
„Жал ми е што не можев да стигнам до победата за тебе вечерва. Ќе се вратам подобар ви ветувам“, изјави Херис по мечот.
Ова беше трет УФЦ настан во осум дена, враќајќи го професионалниот спорт на календарот. Сега има две недели пауза пред следниот УФЦ настан на 30 мај, најверојатно во Лас Вегас.