Top Sport

Лева незапирлив, Баерн со четири поени предност на врвот на Бундеслигата (видео)

Враќањето на Бундеслигата продолжи во неделата, кога Баерн Минхен со 2:0 ги победи Унион Берлин и успеа да се врати на четири поени предност пред ривалите за титулата, благодарение на неверојатниот Роберт Левандовски, кој петта сезона едноподруго има над 40 голови во сите натпреварувања за баварскиот гигант.

Откако прво во 19. минута беше поништен голот на Томас Милер поради офсајд позиција, Левандовски во 40. минута беше прецизен со удар од белата точка за предност на шампионот.

Точка на натпреварот стави Бенжамин Павар во 80. минута, кога по еден корнер ја смести топката во голот на домаќините.

Со победата, Баерн има 58 поени на врвот на лигата, четири повеќе од Борусија Дортмунд и шест пред Борусија Менхенгладбах. Унион Берлин се 12. со 30 поени.

Scroll to Top