Top Sport

Најскап пар „џорданки“ продаден за 560.000 долари!

Потпишан пар на „Џордан 1“ патики на Мајкл Џордан се продадоа на аукција за рекордни 560.000 долари во неделата, јавува „ЕСПН“.

Се работи за парот кој Џордан го носел во својата дебитантска сезона 1984/85, кога беше прогласен за „руки“ на годината и кои беа во сопственост на колекционерот на патики, Џорди Гелер, кој решил дека е вистинско време да ги продаде по славата која ја постигна документарната серија „Последниот танц“.

„Решив да ги продадам бидејќи се работи за вистинско време“, изјавил Гелер.

Досегашен рекорд за патики на Џордан беа пар „Конверс“ носени на Олимпијадата во 1984 година, кои се продадоа за 190.373 долари. Претходен рекорд за било какви патики е оригиналниот прототип на првите патики на „Најк“ кои беа во сопственост на ко-основачот на „Најк“, Бил Бауерман, кои во 2017 беа продадени за 437.500 долари.

Линијата „Ер Џордан“ останува доминантна на пазарот на патики и покрај тоа што Џордан е пензиониран веќе речиси две декади. Според магазинот „Форбс“ Џордан минатата година заработил 130 милиони долари само од „Најк“, четири пати повеќе од Леброн Џејмс (32 милиони долари) кој го има вториот најголем договор за спонзорство на патики по Џордан.

Scroll to Top