Легендата на Јувентус и италијанскиот фудбал Алесандро Дел Пјеро завршил во болница во Лос Анџелес. Дел Пјеро последните неколку години живее во Калифорнија.
Дел Пјеро бил хоспитализиран поради болки во бубрезите. Тој преку социјалните мрежи им порачал на своите фанови дека нема потреба да бидат загрижени.
„Се уште не можам да поверувам дека нешто толку мали, нешто шти има само три милиметри, може да предизвика таква болка“, напишал Дел Пјеро.