Шведска ја совлада Белорусија со 29:20 за да остане на пат кон полуфиналето на Европското првенство, во исчекување на мечот Хрватска-Франција, кој ќе даде појасна слика за состојбата во групата 1.
Швеѓаните направија предност од пет гола на полувремето, за до крајот на мечот рутински да стигнат до победата, со која ги зголемуваат шансите за борба за петто европско злато.
?? vs ??
Fifth day into the Main Round, Group I, Sweden against Belarus.
Andreas Palicka saves Sweden from some powerful goals against his goal.#SWEBLR @handbollslandslaget pic.twitter.com/SZKNJU9gej— EHF EURO (@EHFEURO) January 22, 2018
Албин Лагергрен и Хампус Ване имаа по четири гола за „трите круни“, додека за Белорусите, за кои ова е четврти пораз на шампионатот, исто толку голови имаа Владислав Кулеш и Арцем Каралек.
Франција има максимални 8 поени во групата и е на првото место, но уште нема обезбедено пласман во полуфиналето, додека Хрватска и Шведска имаат по шест поени со по еден натпревар до крајот. Хрватите се судираат со Французите, додека Швеѓаните играат со Норвешка – ако имаат ист број на поени, Шведска е полуфиналист бидејќи ја победи Хрватска во првата рунда од натпреварувањето.