Top Sport

Нов формат за завршницата во ЛШ и ЛЕ

Завршницата во Лигата на шампионите и Лига Европа би требало да се случи во август во еден поинаков формат, тврди шпански „АС“.

Работната група која ја сочинуваат УЕФА, Асоцијацијата на европските клубови (ЕЦА) и Здружението на европските лиги (ЕЛ) наводно го скроила планот според кој би продолжила европската сезона.

Предлогот е откако ќе бидат комплетирани осмина-финалните натпревари од четврт-финалето да се игра само по еден натпревар (веројатно на неутрален терен), а финалето да се одржи во Истанбул. Не е исклучена можноста во Истанбул да се одржи завршен турнир.

Според „АС“ овој предлог го поддржале поголем број на членовите на извршниот одбор на УЕФА.

Дефинитивна одлука ќе биде донесена на состанокот што ќе се одржи на 17 јуни.

Лигата на шампионите треба да продолжи на 6 август, а два дена подоцна би продолжиле и натпреварите во Лига Европа.

Scroll to Top