Македонскиот селектор Раул Гонзалес нема да менува ништо во составот за вечерашниот натпревар против Чешка во Групата-2 на Европското првенство.
Капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров ќе биде во тимот, иако поради повреда на „задната ложа“ на десната нога, одигра само 11 минути пред два дена против Шпанија. Точни информации околу степенот на повредата на капитенот нема.
Неофицијално, мали се шансите Лазаров да итрчи на теренот против Чешка.
Од друга страна Чесите против Македонија во составот ќе имаат тројца пикери, откако стручниот штаб реши на стандардните Земан и Петровски да им го приклучи и Петр Шлахта.
Натпреварот кој се игра во Вараждин (20:30 часот) е од исклучителна важност за Македонија, која со победа ќе ги задржи шансите за пласман во полуфиналето.