Марио Балотели по само една сезона повторно би можел да ја напушти Италија. Менаџерот Мино Рајола наводно започнал преговори со Васко да Гама и Галатасарај објавија медиумите.
Балотели има договор со Бреша до 30 јуни 2022 година. Досега во сезоната тој има постигнато пет гола.
Бреша се наоѓа во тешка ситуација, клубот е последен на табелата и речиси е сигурно дека наредната сезона ќе игра во Серија Б.