Дени Хамлин, 39 годишниот возач на Џо Гибс Рејсин тим победи на втората река во шампионатот на Наскар која по подолга пауза поради коронавирусот се возеше во Дарлингтон.
Хамлин ги искористи своите шанси на оваа трка, а на крајот имаше и среќа бидејќи на 20 круга до крајот трката беше прекината поради силниот дожд.
Mood ??? pic.twitter.com/23C7S3sL2D
— Denny Hamlin (@dennyhamlin) May 21, 2020
Дени Хамлин во Дарлингтон ја забележа втората победа сезонава, вкупно 39 победа во кариерата. Второто и третото место го освоија Кајл Буш односно Кевин Харвик.
Наредната Наскар трка е наречена „Кока-Кола 600“ ќе се вози на 24 мај на патеката во Шарлот. Три дена подоцна на оваа патека ќе се вози уште една трка.
NOT CLEAR!@KyleBusch turns @chaseelliott! pic.twitter.com/Hk8tA92UAA
— NASCAR (@NASCAR) May 21, 2020