Top Sport

ОИ во Токио можеби нема да се одржат

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах открил дека постои можност Олимписките игри во Токио целосно да бидат откажани. Поради коронавирусот ИОК ги одложи Игрите за 2021 година. Бах потврдил дека доколку од некоја причина Олимпијадата не се одржи од 23 јули до 8 август 2021 година тогаш ќе биде целосно откажана.

Томас Бах сепак се надева дека ОИ во Токио „ќе испратат порака на солидарност низ целиот свет“ и дека на Игрите „ќе биде прославена победата против коронавирусот.

„Не постои план за вакво сценарио, смислуваме разни планови од ден во ден. Напорно да правите нешто такво, но во исто време е и фасцинантно“, порачал Бах за Би-би-си.

Првиот човек на ИОК рекол дека ја разбира изјавата на јапонскиот премиер Шинзо Абе дека наредното лето е последна шанса Јапонија да ги организира Игрите.

„Искрено го разбирам премиерот Абе. Не можете засекогаш да имате од 3.000 до 5.000 вработени во Организациониот комитет. Не можете константно да ги држите спортистите во неизвесност. Не можете да ги смените плановите на секој спорт во светот“, рекол Бах.

Scroll to Top