Top Sport

Тери се лизна…Манчестер Јунајтед ја освоија ЛШ (Видео)

На денешен ден пред 12 години на „Лужники“ стадионот во Москва фудбалерите на Манчестер Јунајтед трет пат во клупската историја станаа европски шампиони. Во драматичното финале против Челси, „црвените ѓаволи“ до титулата дојдоа по изведувањето на пенали. Трагичар беше капитенот на Џон Тери.

Натпреварот во Москва во регуларниот тек и по продолженијата заврши 1:1. Кристијано Роналдо погоди за Јунајтед во 26 минута, а во 45 минута резултатот го израмни Френк Лампард.

Во пенал рулетот до последниот пенал за Челси единствен кој не погоди беше Кристијано Роналдо. Португалецот беше непрецизен во третата серија. Клучниот пенал кој можеше да им ја донесе титулата на Челси го изведе изведе капитенот Џон Тери.

Тери пред да ја зафати топката се лизна и таа заврши во дирекот.

Потоа во шестата серија Андерсон погоди за Јунајтед, а Калу за Челси, додека во седмата Гигс беше прецизен за „црвените ѓаволи“, а Ањелка не успеа да го совлада Ван дер Сар.

Титулата во 2008 година засега е последна што ја освоиле „црвените ѓаволи“ во Лигата на шампионите.

Scroll to Top