Патрик Јуинг, еден од најдобрите центри во историјата на НБА лигата, објави дека е заразен со вирусот Ковид-19. Како што пренесе ЕСПН, 57 годишниот Јуинг се наоѓа во болница.
Јуинг во кариерата 15 сезони играл за Њујорк Никс. Со овој тим во 80 и 90 години беше редовен учесник во плеј-офот. Играше и финалиња во 1994 и 1999 година.
Последните две сезони ги одигра во Сиетл и Орландо.
Во кариерата настапил на 1183 натпревари. Во кариерата во просек по натпревар бележел 21 поен, 9,8 скока и 2,4 блокади.
ВО САД од вирусот Ковид-19 се заразени повеќе од 1.600.000 луѓе. Од опасниот вирус починале 96.000 луѓе.