Играчот на Барселона Артур Мело ги известил клупските челници дека нема намера да го напушти „Ноу Камп“. Медиумите Бразилецот го поврзуваат со Јувентус, како дека од размената во која Барса би го добила Миралем Пјаниќ.
И покрај одлучноста на Мело да остане во Барселона, италијанските медиуми пишуваат дека е блиску до преселба во Торино.
Мело стана играч на Барселона во 2018 година, неговиот договор истекува во јуни 2024 година. Барселона за него на Гремио им плати 30 милиони евра. Во договорот со Барселона тој има откупна клаузула од 400 милиони евра.