Top Sport

Ајзеа Томас: Џордан и Булс не ни беа конкуренти

Поранешниот кошаркар на Детроит Пистонс Ајзеа Томас уште еднаш се потсетил на златните денови и открил кои клубови и кошаркари му биле конкуренти. Многумина сметаат дека осумдесеттите години од минатиот век се „Златната ера на НБА“. Во тој период доминираа ЛА Лејкерс, Бостон Селтикс, односно Филадлефија ’76 и Детроит Пистонс.

Пистонс со Ајзеа Томас освоија две титули. Тој вели дека најголеми ривали им биле Селтикс и Лејкерс, а не Чикаго Булс со Мајкл Џордан како што многумина тврдат.

„Зборувам за периодоткога бевме млади и здрави, значи од 1984 до 1990 година. Тоа и бројките го покажуваат. Мајкл Џордан не ми беше конкурент, тоа беа Лери Бирд и Меџик Џонсон. Наша цел беше да бидеме подобри од Бостон и ЛА Лејкерс, а не од Чикаго Булс. Селтикс на сѐ не научија, тие не ‘кршеа’, тие ни покажаа како се победува“, рекол Томас.

Scroll to Top