Top Sport

„Социјално дистанциран“ фудбал со колички за шопинг (видео)

Во исчекување на третото коло на Бундеслигата, одбележано со големото дерби помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, во Германија најдоа и уште еден начин за фудбал во оваа ера на „социјално дистанцирање“.

Во Крајслигата, најниското натпреварувачко ниво на германскиот фудбал (осма лига и подолу), клубовите СЦ Ајнхајт и СВ Кенигштајн одиграа дерби во кое секој фудбалер на теренот беше со количка за шопинг.

Правилата останаа во основа исти (со социјално дистанцирање и со маски на лицето), а мечот заврши 2:2 по 90 минути.

Ако се прашувате како се прави фаул во ваков натпревар, еден тим доби пенал откако противничкиот играч се залета со количката во противникот.

 

View this post on Instagram

 

Einkaufswagen-Fußball 2020 #einkaufswagenfußball #kreisliga #sceinheitbahratalberggießhübel #svkönigstein #fuckcorona

A post shared by Team Rabenfront (@teamrabenfront) on

Scroll to Top