Атлетико Мадрид и покрај финансиската криза поради корона вирусот се подготвени да го донесат колумбискиот напаѓач на Аталанта, Дуван Запата, иако италијанскиот клуб бара дури 60 милиони евра за него.
29-годишниот Запата имаше проблеми со повредите оваа сезона, но сепак, додаде 12 гола и 7 асистенции во 19 меча за Аталанта, и според „Спорт медијасет“, Диего Симеоне смета дека физички силниот напаѓач е совршен за неговиот стил на фудбал.
Аталанта платија 26 милиони евра за да го донесат од Сампдорија, но сега цената му е многу повисока. Италијанскиот клуб стигна до четврт-финалето на Лигата на шампионите оваа сезона и се на четвртото место на табелата во Серија А, така што не се брзаат да го продадат Колумбиецот.