Баерн Минхен направи огромен чекор кон нова титула од Бундеслигата, откако во најголемото германско дерби „Дер класикер“, на гости кај Борусија Дортмунд стигна до 1:0 победа за да се одвои на седум поени од БВБ на осум кола до крајот на лигата.
„Милионерите“ имаа спектакуларно отворање на натпреварот, откако тинејџерската атракција Ерлинг Халанд му ја протна топката низ нозе на голманот Мануел Ноер, но Џером Боатенг беше на вистинското место. Во 10-тата минута, топката заврши во голот на Ноер откако Хакими со глава ја уфрли топката во голот, но Торген Азар беше во офсајд кога му ја нафрли топката.
Баварците возвратија во 19. минута, кога по нафрлањето на Коман, Серж Гнабри успеа да го совлада Роман Бирки, но Пишчек ја сопре топката пред таа да стигне до Левандовски. Во 43. минута, Џошуа Кимих успеа со фантастичен лоб да го совлада Бирки, кој беше немоќен.
Во второто полувреме, Дортмунд продолжи со притисокот и во 58. минута имаше совршена шанса, кога повторно Халанд беше во акција, но неговиот удар заврши во Боатенг. Дортмунд во 81. минута имаа нова шанса преку Даху, но неговиот удар беше одбранет од Ноер, пред во 83. минута, Роберт Левандовски да ја погоди пречката по ударот кој се одби од Хумелс.