Британскиот производител на автомобили и тимот кој се натпреварува во Формула 1, Мекларен, планира да отпушти една четвртина од своите вработени поради кризата која ја предизвика коронавирусот.
Мекларен има околу 4.000 вработени, планот е компанијата да отпушти 1.200 вработени, 70 од нив се вработени во Формула 1 тимот.
Мекларен соопшти дека биле сериозно погодени од кризата.
„Сега немаме друг избор, мораме да г намалиме бројот на вработени“, рекол за Би-би-си извршниот директор Пол Волш.
Формула 1 тимот вработува 800 луѓе, 70 од нив ќе добијат откази.
Мекларен минатата сезона ја завршија на четвртото место меѓу конструкторите што е најдобра пласман за овој тим уште од 2012 година.
Од наредната сезона во Мекларен ќе вози Даниел Рикардо, а партнер ќе му биде Ландо Норис.