Планот на Барселона околу трансферите што треба да бидат реализирани во летниот преоден рок се распаѓа како кула од карти. Откако им пропадна трансферот на Миралем Пјаниќ, бидејќи Артур Мело не сака да се пресели во Јувентус, се случил и пресверт во преговорите со Интер околу Лаутаро Мартинез.
Долго време се шпекулираше дека Барселона ќе треба да понуди двајца играчи и пари за аргентинскиот напаѓач, меѓутоа Интер се откажале од оваа опција.
„Лаутаро Мартинез не е на продажба“, порачал спортскиот директор на Интер Пјеро Аусилио. Тој потенцирал дека доколку Барселона го сака Лаутаро тогаш ќе мора да плати 111 милиони евра. Аусилио и тука поставил услов, Интер нема да прифатат плаќање на рати туку веднаш ја сакаат целата сума.
„Лаутаро може да замине само на еден начин, треба да биде активирана откупната клаузула. Знаете дека таа клаузула трае до јули, клубовите немаат многу време за размислување. Тоа е единствениот начин Мартинез следната сезона да не биде наш член“, рекол Аусилио и дополнил.
„Многу клубови не контактираа поради Лаутаро. Да, од Барселона се најупорни и со нив имаме пријателски однос. Меѓутоа тие ги знаат нашите желби. Мислам дека им е јасно дека треба да платата 111 милиони евра“.
22 годишниот Лаутаро во Интер пристигна во 2018 година оф Расинг Клуб за 22,7 милиони евра. Оваа сезона одиграл 31 натпревар, постигнал 16 голови.