Габриел Агбонлахор вели дека ќе го „мрази“ Роберто ди Матео до крајот на животот откако тренерот не му понудил на неговиот бугарски соиграч Стилијан Петров нов договор откако тој се опоравил од леукемија.
Ди Матео беше менаџер на Астон вила во 2016 година, кога Петров сакаше да се врати на фудбалот по болеста. Тогаш на 37 години, Петров се врати на тренинзи со првиот тим на Вила пред сезоната 2016/17, но Ди Матео му порача дека нема да биде дел од тимот и му понуди да биде тренер во тимот.
Напаѓачот Агбонлахор, вели дека тоа не може да се прости.
„Ќе го мразам до крајот на мојот живот поради тоа. Секој друг менаџер со малку срце ќе му дадеше договор. Едномесечен, шестмесечен, што е тоа важно? Да се биде толку безмилосен и без срце, навистина… Замислете да се вратите од таква страшна болест, да се подготвите физички и да не добиете нешто? Уште тогаш го прашав: ’Што правиш? Како можеш да се однесуваш така?’“, вели Агбонлахор.
Петров одигра 218 меча за Вила од 2005 до март 2012 кога му беше дијагностицирана акутна леукемија. Тој беше капитен во сезоната 2012/13 под менаџерот Пол Ламберт, иако не можеше да игра поради интензивната хемотерапија.
Ди Матео тврди дека му дал шанса да остане во клубот како тренер, но тој го одбил тоа. Само четири месеци подоцна Ди Матео доби отказ откако Вила имаа само една победа во 12 меча и оттогаш не работи како тренер.