Поранешниот главен доктор на американскиот гимнастички тим, Лери Насар доби казна од 40 до 175 години затвор поради злоставување на спортистките со кои работел.
Судијката Розмари Акилина ја донесе одлуката по сослушувањето на кое сведочеа десетина жени, вклучувајќи ги олимписките шампионки Ели Рајсман и Мекајла Мароуни. Насар, кој беше лекар на универзитетот „Мичиген стејт“, во ноември призна дека сексуално злоставувал седум девојки, но на седумдневното сослушување за одредување на казната се појавија дури 156 девојки и жени.
„Мене ми припаѓа честа да ви одредам казна, бидејќи вие не заслужувате повеќе да излезете од затвор, бидејќи така ќе донесете само ново страдање. Јас ви ја потпишав оваа казна на смрт“, изјави судијката.
Критиките на гимнастичарките како Рајсман и Мароуни се насочени и кон американската гимнастичарска федерација, која му дозволи на 54-годишниот Насар, кој претходно доби казна од 60 години за поседување на детска порнографија, да работи долго време без проверка.
Ексдокторот на американските гимнастичарки доби 60 години затвор