Top Sport

Ексдокторот на американските гимнастичарки доби 60 години затвор

Лери Насар, елитниот спортски доктор од Мичиген, кој долго време беше главен доктор на американската гимнастичарска федерација, доби 60 години затвор за поседување на детска порнографија.

54-годишниот Насар најверојатно ќе остане доживотно во затвор, бидејќи во јануари треба да се одреди казната за дополнителни две обвинувања на сексуален напад на гимнастичарки.

Американските олимписки ѕвезди, Ели Рајсман, Мекајла Мароуни и Габи Даглас последните месеци открија дека биле жртви за Насар, кој ги придружувал на меѓународните натпреварувања.

„Насар е чудовиште кое остави лузни на мојата психа кои никогаш нема да исчезнат“, напиша Мароуни во писмо до судијата во случајот.

Покрај криминалните обвинувања, повеќе од 100 жени го тужат Насар, државата Мичиген и Американската гимнастичарска федерација.

Габи Даглас е третата американска гимнастичарка со обвинувања за злоупотреба

Американската гимнастика во хаос – Рајсман обвини за сексуална злоупотреба

Гимнастичарката Мароуни обвинува за сексуална злоупотреба

 

Scroll to Top