Top Sport

Линекер: Како можете да го сопредувате Роналдо со Меси?

Поранешниот миленик на „Ноу Камп“, Гери Линекер вели дека вечната дебата околу тоа кој е најдобар во историјата помеѓу Лионел Мес и Кристијано Роналдо воопшто не е „блиска“, опишувајќи го Меси како најдобриот без сомнеж.

Меси и Роналдо освоија вкупно 11 „Златни топки“ во последните 12 години. 32-годишниот Меси, кој ја помина цела кариера во Барселона, ја освои шестата титула во 2019, додека 35-годишниот Роналдо со настапите за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус покажа дека сигурно е најдолговечната фудбалска ѕвезда.  И покрај тоа, Линекер има јасен фаворит.

„Знам дека луѓето стануваат многу поделени за темата Меси-Роналдо. Честопати, тоа е обоено со тоа дали навиваш за Барселона, Реал Мадрид или Јувентус и го сфаќам тоа. Јас сум огромен фан на Роналдо, но ако зборуваме за тоа кој е најдобриот во историјата, воопшто не е потребна дебата, тоа е Меси. Тоа е моето мислење и за мене не е ниту блиску“, вели Линекер.

Тој го отфрла аргументот дека Роналдо е поуспешен поради тоа што играше во три големи лиги.

„Меси играше со одлични соиграчи, но кој и да е со него, бројките му се исти и тој постојано ги демантира тие кои се сомневаат. Дури и во последните неколку години, кога Барселона не е толку силна, тој останува моќен. Зошто би си заминал, кога игра во еден од најголемите клубови на светот? Каде можеш да одиш погоре од Барса?“, додава Линекер.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');