Италијанските медиуми јавуваат дека Џејмс Палота ја одбил последната понуда на групацијата Фридкин за преземање на Рома, со што изгледа дека Американецот со италијанско потекло ќе остане прв човек на „волчицата“.
Според „Скај спорт Италија“ и „Ил месаџеро“, Фридкин се обиделе да ја намалат сумата од 710 милиони евра која првично ја понудиле поради финансиската криза по корона кризата
Клубот има огромни долгови, така што пласман во Лигата на шампионите следната сезона би била клучна за финансиското здравје на клубот. Фридкин групацијата се обидела да го купи клубот за „само“ 475 милиони евра, нешто што Палота веднаш го одбил, и решил да ги пополни долговите на клубот со сопствени средства, како и со продажба на фудбалери.
По девет години на чело на „волчицата“, се верува дека клубот ќе почне повеќе да се потпира на фудбалерите од својата академија и на младите фудбалери.