Поранешниот американски боксер Флојд Мејведер објавил дека ќе ги плати сите трошоци за погребот на Џорџ Флојд, чија смрт покрена лавина од протести во САД, јави германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на американските медиуми.
Мејведер (43) на семејството на Флојд им понудил да ги плати сите трошици на погребот кој ќе се одржи на 9 јуни во Хјустон. Семејството на Флојд ја прифатило понудата на славниот боксер. Исто така Мејведер ќе ги плати и трошоците на комеморациите што ќе се одржат во Минесота и Северна Каролина.
Флојд почина минатата недела како резултат на полициска бруталност. Неговата смрт поттикна масовни и насилни протести во Америка.
Флојд Мејведер стави крај на кариерата откако остана непоразен во 50 борби.