Ракометната репрезентација на Македонија од вториот шешир ќе ги чека противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Унгарија и Словачка во 2022 година.
ЕУРО 2022 ќе биде првото на кое ќе учествуваат 24 репрезентации. Пласман на шампионатот ќе изборат првите две селекции од сите осум групи и четири третопласирани селекции. Пласман на ЕП веќе изборија финалистите од последното првенство Шпанија и Хрватска
Квалификациите ќе започнат во ноември, а ќе завршат во мај 2021 година.
Шешир 1: Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд.
Шешир 2: Македонија, Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора, Холандија.
Шешир 3: Швајцарија, Литванија, Романија, БиХ, Украина, Летонија, Полска, Белгија.
Шешир 4: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово, Фарски острови.