Top Sport

Жиру: Останав за да освојувам трофеи

Светскиот првак со Франција Оливие Жиру на медиумите им открил зошто решил да остане во Челси. Жиру од зимскиот преоден рок се поврзуваше со неколку екипи, на крајот се договори со „сините“ да остане на „Стенфорд Бриџ“.

Жиру го продолжи договорот со Челси до јуни 2022 година. Претходно интерес за него покажува Наполи, Интер и Тотенхем.

„Ја искористив можноста што ми се укажа, ја искористив довербата што ја имаше тренерот во мене. Кога ми понудија нов договор веднаш го прифатив. Сакам да продолжам да освојувам трофеи. Поради ситуацијата со коронавирусот не ми се допадна идејата дека треба да се селам. Овде ми е супер“, рекол Жиру.

Францускиот репрезентативец во Челси е од 2018 година, сезонава постигнал три гола.

Scroll to Top