Американецот Малком Дилејни потпиша две годишен договор со кошркарскиот клуб Армани Милано. 31 годишниот кошаркар минатата сезона го носеше дресот на Барселона.
Искусниот плејмејкер во Европа пристигна во 2011 година во Шалон, потоа играше за Будивељник, Баерн, Локомотив Кубан и Барселона. Две сезони од 2016 до 2018 година беше во САД и Кина, во Атланта Хокс односно Гундонг.
Минатата сезона во Евролигата Дилејни во просек бележел по 10 поени и 4,3 асистенции по натпревар.