Откако „Мерцедес“ му ја откажа соработката Месут Езил остана без уште еден голем спонзор. Соработката со поранешниот германски репрезентативец ја раскинал и „Адидас“.
Од договорот со „Адидас“ на Езил годишно инкасирал 3,5 милиони евра годишно.
„Билд“ тврди дека поради политичките ставови што ги има Езил „Адидас“ и „Мерцедес“ решиле да ги прекинат договорите со него.
За потсетување Езил најпрвин се најде на мета на критиките во Германија кога се сретна со турскиот претседател Ердоган, како дел од неговата кампања. Подоцна Ердоган беше и гостин на свадбата на Езил.
Исто така фудбалерот доби многу критики кога ја критикуваше Кина и нејзиниот однос кон муслиманите Ујгури.