Top Sport

Смолинг сакал да остане во Рома

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Крис Смолинг сезонава игра како позајмен во Рома, според италијанските медиуми тој изразил желба да остане во Рим.

Смолинг одлично се снајде во Рома, успеа да ја оживее кариерата, поради што сакал и понатаму да остане во клубот.

Мислењето на Смолинг го делат и луѓето од Рома, спортскиот директор Џанлука Петрачи, веќе ги започнал преговорите со Манчестер Јунајтед околу откупот на договорот на фудбалерот.

Засега двете страни не можеле да ја одредат сумата која Рома треба да ја плати, но според италијанските медиуми се очекува наскоро да најдат решение кое ќе биде прифатливо за двете страни.

Договорот на Крис Смолинг со Манчестер Јунајтед истекува во јуни 2022 година.

Scroll to Top