Претседателот на Бенфика Луис Фелипе рекол дека во овој преоден рок Давид Луиз нема да се врати на „Ла Луж“. Фелипе сакал да го донесе Бразилецот, кој летово ќе биде слободен играч, но признал дека тоа нема да се случи.
„Разговаравме како татко и син. Тој е од оние што ја сакаат Бенфика, но исто така е и голем професионалец кој сака да заработи. Кога разговаравме тој со својот менаџер одеше во Арсенал за да го продолжи договорот“, рекол Фелипе.
Давид Луиз во кариерата има настапувано и за Челси и ПСЖ.